(ВИДЕО) Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование

Од:

Предлог буџетот за 2025 година на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на образованието и младите е развоен, и насочен кон подобрување на условите за учење, студирање и живот на младите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование. За 115 милиони денари во однос на 2024 година се зголемени капиталните инвестиции во образованието. Овие средства ќе бидат насочени кон изградба и обнова на училишта, модернизација на образовната инфраструктура и обезбедување подобри услови за нашите ученици, изјави Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Образовните работници ќе добијат покачување на платите 7% со мартовската плата. А платите ќе растат во континуитет во наредните години. Во ставката студентски стандард Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува повеќе од 30 милиони евра, за 18% повеќе од лани. За ученички стандард, 12% повеќе од минатата година. Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови, 6 милиони евра. Во овој момент, студентските домови се реконструираат и ќе бидат ставени во функција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ го има образованието високо на агендата и тоа ќе продолжи во годините што следат – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се работи на реализација на капитални инвестиции кои водат кон економска трансформација на Македонијa

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулевски: Со Буџетот власта ја крати поддршката за малите и средните претпријатија од 80 милиони на 18 милиони

Ковачки: Ќе ги покачиме платите во МВР, силно вложуваме во капацитетите на МВР и МО

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните

(BИДЕО) Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја става државата на брза трака за развој

Ангелова: Буџетот за 2025 е за подобра иднина и перспектива за нашите поколенија

Горан Наумовски