Бајден и Си се согласуваат: За употребата на нуклеарно оружје треба да одлучуваат луѓето

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг се согласија во саботата дека за употребата на нуклеарно оружје треба да одлучуваат луѓето, а не вештачката интелигенција (ВИ), соопшти денеска Белата куќа.

„Двајцата лидери ја потврдија потребата да се задржи човечката контрола врз одлуката за употреба на нуклеарно оружје“, се вели во соопштението на Белата куќа, пренесува Ројтерс.

Во разговорот меѓу двајцата претседатели беше нагласена потребата внимателно да се разгледаат потенцијалните ризици и разумно и одговорно да се спроведе развојот на технологијата за вештачка интелигенција во воените области.

Би можело да ве интересира

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Бајден: Доаѓа ера на големи политички промени

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Џил Бајден испрати писмо до идната прва Меланија Трамп

Трамп пристигна кај Бајден во Белата куќа

Бајден и Трамп ќе се сретнат в среда во Овалната соба

Катерина Ѓуровски