Си Џинпинг: Кина и Русија се вистински пријатели и добри соседи кои делат и добро и лошо

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека историјата и реалноста покажуваат дека Кина и Русија се добри соседи кои не можат да се разделат и вистински пријатели „кои делат и добро и лошо, меѓусебно се поддржуваат и постигнуваат заеднички развој“.

Си Џинпинг ова го изјави за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, кој беше спроведен на иницијатива на руската страна.

Лидерите на двете земји разговараа за повеќе прашања, вклучително и за конфликтот во Украина, и се договорија да одржуваат контакти преку различни канали и да ги координираат нивните активности, пренесе Ксинхуа.

Би можело да ве интересира

Си Џинпинг: Кина е лидер во економската соработка во Азиско-пацифичкиот регион

Зеленски: Трамп и Си можат да го принудат Путин да ја заврши војната

Трамп, Путин и Си објавија заедничка изјава, се договорија за четири точки

Горан Наумовски

Баро за средбата на Трамп, Путин и Си: „Од тој состанок нема да има ништо“

Си: Мораме да сториме сè за да спречиме нуклеарна војна

Си го предупреди Трамп во врска со Тајван, лидерите разговараа и за вештачката интелигенција