Москва не знае како Трамп ќе ја реши кризата во Украина

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека не знае како новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја реши кризата во Украина.

„Не можам да замислам како Трамп ќе го реши, ќе ги чекаме предлозите“, рече рускиот министер, пренесе ТАСС.

Лавров додаде дека Москва редовно нагласува дека секој политичар кој поддржува мир, а не војна заслужува внимание.

„Но, не знаеме што точно ќе биде предложено, нашиот став беше јасно формулиран од рускиот претседател Владимир Путин за време на говорот во руското Министерство за надворешни работи на 14 јуни оваа година“, рече Лавров.

Во пресрет на неодамнешните избори во САД, но и по победата, Трамп изјави дека по преземањето на претседателската функција ќе работи на што побрзо завршување на војната во Украина.

Одговарајќи на прашање за разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц, Лавров рече дека Кремљ кажал се и дека нема што да се додаде.

– Што се однесува до руската страна, според мене, Кремљ веќе објави, нема што да се додаде. Кремљ јасно ги кажа своите оценки, изјави Лавров на новинарите по учеството на меѓународниот форум за мир и безбедност „Сер Бани Јас“.

Лавров претходно изјави дека Русија е подготвена да комуницира со новата американска администрација и дека топката е кај нив.

Коментирајќи ги неодамнешните повици на земјите од ЕУ и НАТО за дијалог со Москва, тој рече дека „луѓето кои иницираат такви повици не се целосно изгубени како политичари“.

Би можело да ве интересира

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Трамп ги паузираше царините за сите освен за Кина

Горан Наумовски

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот