Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Од:

Лице кое работело за американската влада е обвинето за објавување доверливи информации за проценките на претходниот израелски план за напад на Иран, објави денеска Асошиејтед прес.

Обвинетиот Асиф Вилијам Рахман беше уапсен од американската Федерална полиција (ФБИ) оваа недела во Камбоџа. Прво ќе се појави на суд во Гуам.

Рахман минатата недела беше обвинет пред американскиот суд во Вирџинија по две точки од обвинението за свесно пренесување информации за националната безбедност, кривично дело што може да носи долга затворска казна.

Не е јасно дали има адвокат или во која федерална агенција бил вработен, но официјалните лица рекоа дека имал пристап до строго доверливи информации.

Протечените документи кои се припишуваат на Националната агенција за геопросторно разузнавање и Националната агенција за безбедност се појавија во октомври на апликацијата Телеграм.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски