Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Од:

СВР Охрид утрово, во 00:25 часот, на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид го лишила од слобода З.У.(20) од Охрид. Тој се сомничи дека е сторител на кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, сторено на 8 ноември 2024 година во 23:30 часот пред спортска сала во Охрид.

Како што соопшти МВР, со повреди нанесени со остар предмет се здобиле С.Д.(25) од селото Лактиње, општина Дебрца, Ф.Б.(22) и И.А.(22), двајцата од Охрид.

– Во врска со овој настан, на 9 ноември 2024 во 00:40 часот, во СВР Охрид повикан е Х.С.(20) од Охрид и пронајдено е моторно возило „бмв“ со охридски регистарски таблици, кое било управувано од осомничениот. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски