Али Ахмети: Заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година

Од:

Во седиштето на Демократската унија за интеграција во Тетово, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими турскиот Амбасадор Фатих Улусој.

„Ахмети и Амбасадорот Улусој разговараа за многу прашања во земјата и регионот, како што се евроинтеграциите на земјата, билатералните односи меѓу нашите две земји, стратешкото партнерство со Република Турција, легитимитетот, ситуацијата во Северна Македонија итн.

Ахмети го информирал амбасадорот Улусој дека ДУИ воопшто не се колеба од заложбите за интегрирање на земјата во Европската унија и ќе продолжи да дејствува за реализација на оваа цел. Исто така, посветени сме за градење на стратешко партнерство со Република Турција, која не поддржа без резерва за членство во НАТО и во Европската Унија.

Што се однесува до Владата без етнички легитимитет која ги исклучи етничките претставници, г. Ахмети нагласува дека веднаш мора да престане непочитувањето на Охридскиот договор и омаловажувањето на заедниците во земјава. ДУИ смета дека најдобро решение за состојбата со тензичните меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и европската безперспективност, се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година. Затоа, го прифативме јавниот предизвик на г. Мицковски и ја поздравуваме подготвеноста на другите опозициски партии да се соочат со заеднички избори следната година“, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски

Таравари: Ако има избори следната година, Ахмети во 2026 ќе бара нови

Катерина Ѓуровски