Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Од:

Двајца наставници од основни училишта од Куманово нападнале ученици во два одвоени случаи, соопшти денеска кумановската полиција. Еден од наставниците пријавил дека бил физички нападнат во угостителски објект, поради претходно недоразбирање со ученик.

Вчера 17 часот во СВР Куманово, М.Љ.(27) – вработен во основно училиште во Куманово пријавил дека во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице кое му се заканило и со остар предмет поради претходно недоразбирање со ученик од училиштето. Подоцна, во 21.05 часот, М.Б.(40) од Куманово пријавил дека во основното училиште во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот М.Љ.

Вчера, во 17.30 часот во СВР Куманово, Д.И.(41) од Куманово пријавил дека во основното училиште во Куманово во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот Д. Д.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Погоден аеродромот во Дубаи, евакуација во тек, експлозии во Доха и Тел Авив

Иранците тврдат: Ајатолахот Хамнеи е жив

Израел: Ајатолахот е мртов

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Американците објавија видео од нападот врз Иран, ново оружје употребено за прв пат

Иран порача: „Ќе употребиме невидено оружје“

(ВИДЕО) Морничави сцени од Блискиот Исток: Сè гори, страшни снимки, луѓе бегаат во паника