ВИДЕО: За два дена се најважните избори во светот, анкетите покажуваат мртва трка

Од:

Два дена пред претседателските избори во САД, демократската кандидатка Камала Харис и републиканецот Доналд Трамп се уште водат во многу тесна трка во седум сојузни држави што ќе го одреди исходот од 47. избори за претседател на САД, покажува анкетата на Њујорк Тајмс.

Според анкетата, Харис има благо водство во Невада, Северна Каролина и Висконсин, додека Трамп води во Аризона. И двајцата се многу изедначени во Мичиген, Џорџија и Пенсилванија и водат мртва трка. Во анкетата учествувале 7.879 гласачи во споменатите седум држави, а таа била спроведена во периодот од 24 октомври до 2 ноември. Во сите седум држави, маргината на грешка е 3,5 проценти.

Невада:
Харис – 49%
Трамп – 46%

Северна Каролина:
Харис – 48%
Трамп – 46%

Висконсин:
Харис – 49%
Трамп – 47%

Грузија:
Харис – 48%
Трамп – 47%

Пенсилванија:
Харис – 48%
Трамп – 48%

Мичиген:
Харис – 47%
Трамп – 47%

Аризона:
Трамп – 49%
Харис – 45%

Околу 40 отсто од испитаниците веќе гласале, а Харис води меѓу таа група со 8 процентни поени, додека Трамп води меѓу групата гласачи кои рекле дека ќе гласаат.

Тесната трка во Пенсилванија покажува дека Трамп расте во држава во која Харис до неодамна беше во предност со четири процентни поени во сите анкети на Њујорк Тајмс. И двајцата кандидати викендов одржуваат митинзи во клучните сојузни држави.

Харис ја продолжува својата кампања во недела во Мичиген, додека нејзиниот републикански противник Доналд Трамп ќе ги помине последните денови пред изборите, за кои би можел да одлучува многу мал дел од гласачите, во три клучни држави на истокот на земјата, Пенсилванија, Северна Каролина и Џорџија.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп