ДУИ: Партијата се реформираше со заминувањето на Изет Меџити

Од:

ДУИ на дело покажа дека најголемите и најдлабоките реформи се случуваат кога самите криминализирани елементи ќе ја напуштат партијата. Најјасен пример е заминувањето на шефот на урбаниот криминал и слуга на коцкарската индустрија, Изет “Мегавин” Меџити, кој сфати дека неговите криминални активности немаат простор и повеќе не можат да просперираат во ДУИ бидејќи не би го преминале партискиот и државниот ветинг, велат од ДУИ.

– Ова е доказ за нашата посветеност за чистење и зајакнување на нашите редови за заштита на интересите на граѓаните и обезбедување чиста и чесна политика. Тие што ја напаѓаат ДУИ со соопштенија напишани од нивните сопственици ВМРО ДПМНЕ и преведени на албански јазик, мора да сфатат дека нивните напори се предодредени да пропаднат пред нашата определба за интегритет и напредок. Тие што треба да сносат одговорност се во Владата, вие ги имате на вашата десно страна, а од криминалци ги „реформиравте“ во џентелмени. Сите тие во месец мај јавно ветија дека доколку изгубат со еден глас помалку ќе поднесат оставки од своите партии, но не го одржаа зборот. Истите, ветија дека ако не се смени уставот за 6 месеци, ќе си заминат од владата, повторно излажаа. Само споени избори ја запираат оваа пандемија на лаги, неуспеси и понижување на Албанците од денешните вазали, затоа немојте да се плашите и дојдете да се измериме на избори, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски

ДУИ обвинува: Политички притисок преку отпуштања во Министерството за односи меѓу заедниците