ДУИ: Целосното ретерирање на Владата за Коридорот 8, ја потврди чистотата на проектот

Од:

Демократската унија за интеграција смета дека целосното ретерирање на Владата без етнички легитимитет, ја потврди чистотата на проектот Коридор 8 и постапките на претходната власт, соопштија од партијата.

-Две години по ред, ВМРО и Влен се противеа и го опструираа проектот, ветија дека ќе го укинат, но без да сменат ниту една точка или запирка во договорот ниту во цената, го прифатија, продолжија, го нарекоа историско достигнување и се обидоа да го присвојат. Граѓаните знаат дека овој проект е осмислен, подготвен, договорен, потпишан, со ставен камен-темелник и со започнати градежни работите за време на Владата 2020-2024 година. Следен чекор за овој проект би требало да е Владата да ја врати одлуката делницата од Гостивар до Букојчани да се реализира со тунел, а не со планински автопат, бидејќи тунелот е најдобрата и најрационална опција за овој дел од коридорот. Повеќе годишниот политички лов на вештерки пропадна и вистината излезе на виделина, се за доброто на граѓаните, се вели во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Меџити, наместо да преземе одговорност, се крие зад празни оправдувања и се обидува да измисли дежурни виновници

Воздухот во Скопје мирисаше на отров, а Меџити шеташе на партиски настан во Чаир, обвинува ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ДУИ: Обвинителството молчи за дивоградбите во Чаир

Влен: Граѓаните со години гледаа како неколку луѓе крадат и се збогатуваат, додека ДУИ чуваше стража

Горан Наумовски

ДУИ: Го предизвикуваме Меџити да се откаже од функциите и да излезе на избори без привилегии на власта