(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски и МВР да поднесат кривична пријава за Бојан Христовски по примерот од Велес

Од:

На 25 април оваа година, МВР до ОЈО Велес поднела кривична пријава против 44-годишна жителка на Велес поради, како што тогаш соопштиле, постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

– Кривичната пријава била поднесена за прекршување на член 380 од Кривичниот законик. Еден ден подоцна, на 26 ти април за оваа кривична пријава се пофалил на неговиот Фејсбук профил и министерот Панче Тошковски со објава во којашто изнесува детали за пријавата. Пријавената прибавила меѓународно признаен сертификат (TOEFL IBT) за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р. Бугарија. Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

Ова е објавата на Тошковски од 26 април. Прашањето е каде е сега Панче Тошковски и МВР? Зошто молчат и не преземаат ништо за директорот на АНБ, Бојан Христовски? Каде им е Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал? Бојан Христовски исто така приложил сертификат за TOEFL од истото место, Пловдив Бугарија, а во Пловдив воопшто нема испитен центар за TOEFL. И македонски и бугарски медиуми го потврдија ова.

Значи Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик туку се користел со фалсификуван документ. Тоа претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност. Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не се заштитени мечки и одговорност мора да има. Бараме Тошковски по овој пример од Велес да поднесе кривична пријава против Бојан Христовски за кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 од Кривичниот законик. Доколку тоа не го направат Тошковски и МВР, СДСМ ќе поднесе Кривична пријава против Христовски. Очекуваме и Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности, да спроведе транспарентна исрарага која точно и непристрасно ќе утврди одговорност за скандалот. Ова е еден од најсериозните скандали кои го поткопуваат безбедносниот систем во нашата земја и мора целосно да биде расчистен – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија