Иранската војска се огласи по нападот на Израел: „Оштетија неколку радарски системи кои веќе се поправаат“

Од:

Главниот штаб на вооружените сили на Иран се огласи вчерашниот напад на израелската армија и испрати порака дека таквиот напад е акт на агресија.

Во соопштението, вооружените сили на Иран изјавија дека израелските воздухопловни сили го искористиле просторот на располагање на американската армија во Ирак во нападот.

“За време на нападот, израелските авиони беа на стотина километри од иранската граница. Со бројни воздушни ракети со долг дострел, тие ги гаѓаа радарите во провинциите Техеран и Кузестан. Нападот на Израел предизвика ограничена штета. Неколку радарски системи беа оштетени, некои од кои веќе се санираат“, велат тие.

Тие ги пофалија и перформансите на иранската противвоздушна одбрана.

„Во оваа нелегитимна и незаконска акција, со подготвеност на силите за воздушна одбрана, следен е и пресретнат значителен број проектили, а непријателските авиони се спречени да навлезат во воздушниот простор на Иран“, соопшти Техеран.

Тие се осврнаа и на можниот одговор на Иран на овој напад.

„Исламската Република Иран, задржувајќи го своето право законски да одговори во соодветно време, го нагласува воспоставувањето траен прекин на огнот во Газа и Либан со цел да се спречи понатамошно убивање на угнетениот народ“, посочуваат вооружените сили.

На крајот испратија порака и до Соединетите Американски Држави.

„Криминалната американска влада, која игра централна улога во криминалните дејствија на ционистичкиот режим, е предупредена да го спречи ширењето на конфликтот и несигурноста“, порачаа вооружените сили на Иран.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Хезболах: Од САД пристигна предлог за прекин на огнот, продолжувањето на преговорите зависи од Израел