ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 Септември.
– Богатството на Македонија и нејзината уникатност ја прави нејзината културна разноликост во која Бошњаците даваат свој огромен придонес со својата култура и традиции. Бошњаците во Република Македонија се нејзин нераскнилив дел и тие низ годините во минатото покажале дека се важна нишка која придонесува за јакнење на меѓусебната толеранција, разбирањето помеѓу граѓаните и изграбата на едно мултиетничко и мултиконфесионално општество, пример за земјите од регионот и пошироко, стои во честитката.
Во неа се додава дека бошњачката заедница давала и во иднина ќе дава огромен културен и економски придонес во развојот на нашата заедничка татковина, со цел изградба на напредна и стабилна Република Македонија.