Иднината на либералната демократија во Европската Унија зависи од нејзиниот одговор на миграцијата, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск во пресрет на самитот во Брисел, каде официјална Варшава ќе ги поддржи повиците за построг пристап во решавањето на прашањето за илегалната миграција.
Полската влада доцна во вторникот ја одобри новата миграциска стратегија која дозволува привремено суспендирање на барањата за азил, што предизвика негодување кај активистите за права, но популарна меѓу полските гласачи пред претседателските избори во 2025 година, пишува Ројтерс.
„Иднината на Европа и Полска ќе биде решена во оваа област. Единственото прашање е дали тоа ќе го обезбедат десничарските популисти или либералната демократија“, изјави Туск за полскиот весник Газета Виборча.