(ВИДЕО) Туск: 500 милиони Европејците молат 300 милиони Американци да ги заштитат од 140 милиони Руси

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск, пред неговото пристигнување на неформалниот самит на европските лидери во Лондон, рече дека Европа мора посериозно да ја сфати сопствената одбрана и да престане да се потпира единствено на Америка.

„Тоа е парадокс, слушнете како звучи: 500 милиони Европејци бараат од 300 милиони Американци да ги заштитат од 140 милиони Руси. Ако можете да сметате – сметајте на себе!“, рече Туск.

Тој нагласи дека во Европа денес „нема имагинација и храброст“, иако има воена моќ што ги надминува руските можности.

Според информациите што ги даде:

Европа (вклучувајќи ја Украина) има 2,6 милиони војници, додека Русија има 1,1 милион.

Европа има 2.091 борбен авион, Русија 1.224

Европа има 14.400 артилериски системи, додека Русија има 5.157.

Туск истакна дека „Европа има потенцијал да биде голема сила“, но дека е крајно време да се „разбуди и сериозно да ја сфати одбраната на Европа“.

Неговата порака беше јасна – целта мора да биде „мир преку сила“, а не преку „капитулација на Украина“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огромни пожари избувнаа по украинските напади на територија на Русија и на Крим

Катерина Ѓуровски

Разрешениот началник на украинската армија ја испрати последна порака до украинскиот народ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силен украински напад на значајни цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски се соочува со голема криза, притисокот од улиците и војската расте

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО Украинците испратија стотици дронови во Москва, „рускиот Амазон“ повторно гори

ВИДЕО: Украинците погодиле 159 руски бродови од „флотата во сенка“ за 12 дена