(ВИДЕО) Петрушевски: ДУИ сами прифатија укинување на балансерот, заради нив државата ја напуштија стотина илјади граѓани

Од:

ДУИ сами прифатија укинување на балансерот, сега наместо да манипулираат, да се реформираат, заради нив државата ја напуштија стотина илјади граѓани. ДУИ како власт во 2023 ја донесоа Стратегијата за реформи во администрацијата 2023-2030 во која се нотира дека балансерот се злоупотребува и дека е потребно негово укинување, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа беше време кога нивните министри во владата играа фудбалчиња по министерски кабинети, местеа тендери и делеа бизниси во четири очи. Тогаш не само што немаа проблем со укинување на балансерот, туку и сами поддржаа негово укинување. Што се смени сега? Едноставно е, ДУИ не е власт, нивните министри не местат тендери и не прават матни зделки, па затоа сега бараат само повод за дестабилизација, со единствена мисла нивни функционери кои учествувале во милионски сомнителни теднери да не одговараат. ДУИ многу добро знаат дека укинувањето на балансерот е препорака и на ЕК. Но тоа не ги колеба кога станува збор за наоѓање изговори за дестабилизација. ДУИ има за цел да ја дестабилизира државата, заради спас на криминалци. ДУИ се одамна прочитани и тоа веќе не поминува, нагласи Петрушевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници работеа со визија, во многу општини го надминаа ветеното

Горан Наумовски