(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

Од:

Руски воен транспортен авион Ту-134 бил запален во текот на ноќта на воен аеродром во регионот Оренбург, соопшти Украинската воена разузнавачка служба (ХУР).

-Ваквите советски авиони особено се користат за транспорт на раководството на руското Министерство за одбрана – наведува ХУР.

Според агенцијата, авионот, кој припаѓал на 117-от воено транспортен авијациски полк на руските вооружени сили, изгорел до темел на воениот аеродром Оренбург-2.

Аеродромот се наоѓа на шест километри југозападно од рускиот град Оренбург. Градот се наоѓа на приближно 1.250 километри од линијата на фронтот во Украина и 90 километри северно од границата меѓу Русија и Казахстан.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот