„SpaceX“ на Илон Маск го лансираше „Starship“, најмоќната ракета во светот. Во текот на овој лет, „SpaceX“ успеа да направи нешто што досега не било направено, на првиот обид.
Watch Starship's fifth flight test https://t.co/LVrCnTv797
— SpaceX (@SpaceX) October 12, 2024
Првпат, компанијата се обиде да се врати и безбедно да приземји ракетен носач, наречен “Super Heavy”. По лансирањето, носачот се вратил кон местото на лансирање, каде што успешно бил фатен од сет масивни метални краци.
– Ова е сосема лудо! – викаше инженерката на SpaceX Кејт Тајс за време на преносот во живо.
Ова е петти тест на Starship. Последниот беше изведен во март годинава. Тогаш ракетата беше уништена за време на нејзиното враќање на Земјата, откако патуваше подалеку од кога било досега. Леталото тогаш далеку ги надмина своите два претходни летови, кои беа прекинати со експлозии неколку минути по лансирањето.