На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

Од:

На Школата за млади лидери во Охрид денеска ненадејно почина Алекс Алмонд, поранешен шкотски премиер, откако му се слошило за време на ручекот.

Алмонд е роден во 1954 година. Тој починал околу 15.30 часот во хотелот „Инекс Горица“.

Алмонд вчера имал излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.

Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар.

Алмонд беше шкотски политичар, економист и телевизиски водител, кој беше премиер на Шкотска од 2007 до 2014 година. Истакната фигура во шкотското националистичко движење, Салмонд беше лидер на Шкотската национална партија (СНП), во два наврати, од 1990 до 2000 година и од 2004 до 2014 година. Тој беше заменик лидер на партијата од 1987 до 1990 година.

Салмонд беше домаќин на шоуто Алекс Салмонд (2017–2022) на RT UK, а потоа го водеше шоуто „Scotland Speaks with Salmond“ (2023–2024).

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Шкотскиот парламент повторно бара референдум за независност