Израелската армија соопшти дека добила извештаи за штета на мисијата на ОН во јужен Либан (УНИФИЛ) и за ранети двајца мировници.
„Пред кратко време беше примена пријава за оштетување на пунктот на УНИФИЛ во областа А-Накура. Според извештајот, двајца припадници на УНИФИЛ се повредени како резултат на оштетувањето на пунктот“, соопшти израелската армија во изјава, според Тајмс оф Израел.
Како што прецизираше, се истражува инцидентот и се испитуваат неговите детали.
Повредени се двајца индонезиски војници кои се дел од УНИФИЛ.
Ројтерс, повикувајќи се на извори во ОН, јави дека израелската армија денеска повторно пукала кон набљудувачката мисија на ОН во јужен Либан и дека во таа прилика се ранети две лица.