Свесноста за женското здравје е приоритет: „Флекс кредит“ во соработка со клиниката „Жан Митрев“ организираше работилница за своите вработени

Од:

Во месецот посветен на женското здравје, финансиското друштво „Флекс кредит“ организираше едукативно предавање за сите вработени жени. Како компанија чијшто прв приоритет се вработените и нивното здравје, „Флекс кредит“ се приклучи на акцијата за јакнење на свесноста за заштита на здравјето меѓу женската популација и потребата од превентивни прегледи, како ефикасен начин за намалување на најчестите заболувања.

Предавањето го одржаа доктори специјалисти од приватната болница „Жан Митрев“.

Вработените имаа можност да слушнат за скрининзите, дијагностиката и терапијата на најчестите гинеколошки проблеми во репродуктивниот период и во постменопаузата, за што на нивните прашања одговараше д-р Ирена Андонова, специјалист гинеколог. На предавањето присуствуваше и д-р Џулијана Михајловска, специјалист ендокринолог, а за заболувањата на дојката и третманот на болестите на дојката говореа д-р Мимоза Толевска, специјалист по радиодијагностика и д-р Лилјана Брајевиќ, торакален хирург.

Според последните трендови во земјава, зголемен е бројот на жени заболени од рак на дојка и на репродуктивните органи. Медицинските специјалисти велат дека со превентивните прегледи се намалува бројот на жени што ракот го откриваат во доцна фаза. Со раното дијагностицирање, впрочем, можностите за излекување се доста големи.

Предавањето е во насока на зголемување на будноста на жените, со што и „Флекс кредит“ дава придонес кон колективен раст на свесноста за женското здравје. Компанијата и во иднина ќе остане посветена на општествената одговорност и на своите вработени.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Трајков: Идентитетот е вредност што мора да се чува

Горан Наумовски

СДСМ: Додека Европа ја преиспитува Конвенцијата за мигрантите, Македонија ризикува изолација

Горан Наумовски

Македонија и Србија со рок: Гасниот интерконектор ќе е готов до 2027 година

Горан Наумовски

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

Почна истрагата за падот на авионот во Мавровското езеро