СДСМ: Уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција

Од:

СДСМ сè уште чека одговор од Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот за свикување собраниска седница за европската интеграција на Македонија велат од партијата.

– Премиерот Мицкоски и Владата имаат обврска пред пратениците и пред граѓаните да го презентира планот за продолжување на европската интеграција на земјата и подобрување на позициите во преговарачката рамка со конкретни рокови, како што беше ветено пред граѓаните пред изборите. И покрај дадените ветувањата за подобри услови во преговорите, досега од страна на Владата не се преземени никакви видливи чекори, нема никаква иницијатива ниту пак некакви рокови кога би можело да се случи тоа. Напротив, процесот е целосно блокиран од страна на Владата. На држава и на граѓаните не им требаат ниту празни флоскули, ниту митигашки пароли, им треба конкретен план во Собранието. СДСМ е подготвена да поддржи стратегија којашто ќе значи подобрување на позициите и продолжување на европскиот пат на државата, но нема да прифати празни ветувања, блокада на процесите и манипулации на јавноста, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место