Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Од:

Мировната мисија на ОН во јужен Либан соопшти дека ќе продолжи со својата работа во близина на либанската граница.

Одлуката доаѓа по барањето на израелската војска да ослободи неколку позиции во близина на границата.

Пред два дена Министерството за одбрана информираше дека министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствариле видео врска со нашите тројца офицери кои се дел од мисијата на Обединетите нации UNIFIL во Либан.

– Од страна на нашите офицери беше потврдено се чувствуваат добро, дека моралот меѓу сите припадници во рамки на мисијата е на високо ниво и дека континуирано се извршуваат задачите. Македонските штабни офицери заедно со останатите припадници на армиите од другите земји кои се дел од мисијата UNIFIL, континуирано ја следат безбедносната состојба на јужната граница на Либан, како и безбедносната состојба во целиот регион, соопшти Министерството за одбрана .

Република Северна Македонија активно придонесува во мисијата на ООН во Либан, а во моментов двајца штабни офицери се во рамки на италијанскиот контингент во Шама, Либан, а еден штабен офицер е во Командата на УНИФИЛ во Нагура, Либан.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Израелските одбранбени сили уништија таен тунел на Хезболах во Либан

Салам: Враќањето на животот на југот од Либан е национална цел