СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Владата имаат должност да го информираат Собранието и пратениците кои се следните чекори во однос на ЕУ интеграциите откако целосно го закочија процесот, а Албанија се одвои од Македонија на патот кон ЕУ велат од СДСМ по денешната изјава на премиерот во врска со барањето на Филипче за затворена седница за евроинтеграциите.

– Граѓаните не смеат да останат без јасна перспектива, ниту ВМРО-ДПМНЕ има право еднострано да ги прекинува преговорите, без јасно да каже што е алтернативата. Тие ветуваа подобри услови во преговорите, ветуваат промена на преговарачката рамка, ветуваа мудра дипломатија. Од тоа засега нема ништо и не смеат понатаму да продолжат на овој начин, без план и без стратегија.

Ако се откажани од ЕУ интеграциите, треба да кажат која алтернатива ја нудат за долгорочен развој на државата. Ако не се откажани треба да кажат кој е планот, кои конкретни чекори се преземаат, кои се роковите и што може да очекуваат граѓаните по однос на ова прашање.

На затворената седница очекуваме да изложат детални информации за тоа кои членки ја поддржуваат идеајта на Владата за промена на преговарачката рамка, да кажат зошто стратешкиот партнер Унгарија гласаше за одовојување на Албанија и Македонија и кои се дипломатските стратегии со кои планираат да ја подобрат позицијата и откочат преговорите.

СДСМ ќе делува контруктивно во Собранието и ќе ја поддржи секоја искрена идеја да се надмине оваа состојба на статус кво во која сме доведени. ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека не е веќе опозиција и да демонстрира лидерство и визионерство наместо да ги гледа тесно партиските интереси, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело