Иран преку Катар испрати порака до Соединетите Американски Држави во која порачува дека фазата на еднострано воздржување е завршена поради растечките регионални тензии, изјави денеска ирански извор за ТВ Ал Џезира.
Во пораката на Иран до Вашингтон, наводно, се додава и дека секој израелски напад ќе биде дочекан со „неконвенционален одговор“ кој би вклучувал таргетирање на израелската инфраструктура.
Во индиректна порака беше нагласено дека Иран не сака регионална војна, додаде ирански претставник за Ал Џезира.
Иран во вторникот лансираше повеќе од 180 ракети врз Израел, велејќи дека тоа е одмазда за убиствата на милитантните водачи, како и за агресијата во Газа и Либан.