Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Од:

Пензионерите во Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското иинвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите.

Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во септември и март. Поконкретно, на 1 септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари.

Целта на измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување на пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор е од обвинителството на СДСМ и омилените обвинители на Венко

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

Обвинителството за Груби бара домашен притвор, ќе бил во опасност во Шутка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Заврши распитот на Груби во Обвинителство, вечерва ќе биде изведен пред судија на претходна постапка

Предраг Петровиќ

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ