Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Од:

Либанскиот министер за информации Зијад Макари денеска на состанокот на владата изјави дека се прават дипломатски напори за постигнување примирје со Израел.

„Сигурно е дека либанската влада сака примирје и сите знаат дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху отиде во Њујорк врз основа на претпоставката за примирје, но одлуката беше донесена да се убие (лидерот на Хезболах, Хасан) Насралах“, рече Макари.

Според него, тоа не значи дека премиерот Нетанјаху се колеба во својата намера, но ситуацијата не е лесна, пренесе Ројтерс.

Убиството на лидерот на Хезболах Хасан Насрала во израелските воздушни напади, што Хезболах го потврди вчера, ги зголеми тензиите меѓу Либан и Израел по повеќемесечниот конфликт долж нивната заедничка граница.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“