Бајден: Смртта на шефот на Хезболах е мерка за правда

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ја опиша смртта на лидерот на Хезболах како „мерка на правдата“.

„Хасан Насралах и терористичката група што тој ја предводеше беа одговорни за убиствата на стотици Американци за време на четиридецениското владеење на теророт. Неговата смрт во израелски воздушен напад е мерка за правда за неговите многубројни жртви, вклучително и илјадници Американци, Израелци и либански цивили. Нападот во кој беше убиен Насрала се случи во поширок контекст на конфликтот што започна со масакр од страна на Хамас на 7 октомври 2023 година. САД целосно го поддржуваат правото на Израел да се брани од Хезболах, Хамас, Хутите и сите други терористички групи поддржани од Иран. Само вчера, му наредив на мојот секретар за одбрана дополнително да ја зајакне одбранбената положба на американските воени сили во регионот на Блискиот Исток за да ја одврати агресијата и да го намали ризикот од поширока регионална војна.

На крајот на краиштата, нашата цел е да ги деескалираме тековните конфликти и во Газа и во Либан преку дипломатски средства. Во Газа го следевме договорот поддржан од Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Во Либан преговаравме за договор кој ќе ги врати луѓето во нивните домови во Израел и во јужен Либан. Време е да се склучат овие договори, да се отстранат заканите за Израел и поширокиот регион на Блискиот Исток да добие поголема стабилност“, рече Бајден.

Би можело да ве интересира

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Хезболах: Од САД пристигна предлог за прекин на огнот, продолжувањето на преговорите зависи од Израел

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Кац: Израел инсистира на правото да дејствува воено против Хезболах во секој договор

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски