Хезболах продолжува да гаѓа цели во Израел, силите на Тел Авив во состојба на готовност

Од:

Либанското движење Хезболах, поддржано од Иран, денеска соопшти дека истрелало ракети врз цели во Израел, како одговор на израелските напади врз либанските градови, села и цивили.

Претходно денеска Израел објави дека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала е убиен во вчерашниот напад врз јужните предградија на Бејрут, пренесува Ројтерс.

Хезболах се уште нема издадено соопштение дали долгогодишниот лидер на групата Насрала е жив.

Израел е во состојба на висока готовност поради заканата од целосен конфликт по елиминацијата на лидерот на Хезболах Насралах, но се надева дека неговата смрт ќе предизвика движењето да го промени курсот, изјави портпаролот на израелската војска.

„Се надеваме дека тоа ќе ги промени акциите на Хезболах“, рече потполковникот Надав Шошани на брифингот за медиумите откако војската потврди дека убила водач на Хезболах.

Тој додаде дека, сепак, се уште има начини да се ослабат способностите на Хезболах.

„Видовме дека Хезболах врши напади врз нас веќе една година. Може да се претпостави дека ќе продолжат да не напаѓаат или барем ќе се обидат“, додаде Шошани.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите