Унгарија да посредува во спорот меѓу Скопје и Софија, Орбан нуди решение

Од:

На новинарско прашање како Унгарија може на Македонија да ѝ помогне за членство во ЕУ, премиерот Орбан рече дека нуди неговата држава да биде посредник во спорот на земјава со Бугарија.

„Следната станица е спогодба и јас имам предлог. Сакам да посредуваме во ова прашање. Дали Бугарија е подготвена да прифати да бидеме посредници, тоа е работа на таа земја. Ние на Мицкоски му понудивме да бидеме посредници. Тешко е да се разбере зошто Албанија е издвоена. Тешко е тоа да го разбере една нација. Сакам да нагласам дека национална гордост е најважно за една нација, а одлуката на ЕУ претставува токму повреда на националната гордост во Северна Македонија. Тоа создава рани, голема грешка е што вие не сте членка на ЕУ и грешка е што друга земја, Албанија, се форсира. Вие до крајот на годинава мора да ги отворите преговорите со ЕУ“, рече Орбан на заедничката прес конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Тој меѓу другото потенцираше дека Европската унија направила историска грешка што ги одвоила патииштата на Албанија и на Македонија за почеток на преговорите.

Би можело да ве интересира

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес

А1он

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски

Уставните измени треба да се спроведат, се надевам на конструктивност од соседите, порача евроамбасадорот Рокас