ДУИ: Погрешните политики ни ја одземаат европската иднина

Од:

Денес, нашата земја се соочува со болен момент, кој кај секој граѓанин што сонувал за европската иднина предизвикува длабоки чувства на разочарување и огорченост. Поради неуспехот на оваа влада да ги спроведе уставните реформи, Северна Македонија денес е одвоена од Албанија на својот пат кон Европската унија, велат од ДУИ.

– Оваа одлука е директна последица на политички неуспех, но пред сè е тешка неправда за секој граѓанин на Северна Македонија кој ја гледаше Европа не само како политичка цел, туку и како длабока општествена и културна аспирација. Веќе не сме на заеднички пат со Албанија, и ова е удар врз регионалното единство и стабилност за кои сме се залагале толку долго.

Демократската унија за интеграција постојано предупредуваше дека овој неуспех ќе има сериозни последици. Секој ден кога уставните реформи се одложуваат е изгубен ден за европската иднина на нашите деца. Секој неуспех во усвојувањето на овие реформи е чекор подалеку од европското семејство и чекор поблиску до изолација, поделеност и стагнација.

Денес, нашите зборови не се само критика. Тие се отворен апел до секој граѓанин на оваа земја кој ја посакува Европа и верува во нејзините вредности: ова е моментот заеднички да испратиме силна порака за дејствување без повеќе одложувања. Секое доцнење, секој неуспех, само ја продлабочува празнината помеѓу нас и Европската унија.

Северна Македонија е Европа, и тоа го заслужуваат нејзините граѓани. Не смееме да дозволиме погрешните политики да ни ја одземе иднината. Ова не е партиско прашање, туку државно прашање што го засега секое семејство и секој поединец кој верува во подобра, стабилна и европска иднина.

На оваа раскрсница, решени сме да се бориме за тоа што е исправно и за правото на граѓаните на Северна Македонија да станат дел од европското семејство. Историјата ќе ни суди за овој момент, и ние нема да дозволиме Северна Македонија да остане надвор од Европа поради политичките неуспеси на моментот, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Претстојните локални избори не се само натпревар за управување со општините, туку се политички референдум

Вреди: ДУИ не кажа зошто Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата

ДУИ: Се промовира реторика и практика што буди носталгија за опасни проекти како „српскиот свет“ со отворени проруски тенденции

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

Владата не даде согласност за вработување на 155 медицински сестри во тетовската болница, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: ДУИ за регионите каде што живеат Албанци не изгради ниту еден крупен инфраструктурен проект