СДСМ бара Гаши да постапи со Законот за бранителите исто како со Законот за заемот од Унгарија

Од:

Потпретседателот на Собранието и пратеник од СДСМ Јован Митревски денеска на прес-конференција побара од претседателот на Парламентот Африм Гаши да ја задолжи Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања да свика седница, каде ќе се толкува примената на членот 126 став 3, односно да постапи на ист начин со законот за бранителите, како и во случајот со законот за здолжувањето со Унгарија.

– Како потпретседател на Собранието предложен од најголемата опозициска партија врз основа на член 62 став четири од Деловникот преку архивата доставив допис, барање до претседателот на Собранието, господинот Африм Гаши да ја задолжи Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања да свика седница, каде ќе се толкува примената на членот 126 став 3, бидејќи апсолутно не се согласувам со образложението на претседателот за овој член од Деловникот, го доставив наведеното барање. Ако врз основа на истиот член господинот Африм Гаши ја свика Комисијата за финансирање и буџет за задолжувањето со Унгарија, што реално е и негова деловничка обврска, истото може да го направи и за законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили, вели Митревски.

Тој посочи дека пред речиси десет дена координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски поднесе барање до претседателот на Собранието да достави образложение дали и кога ќе ја свика седницата на Комисијата за разгледување на овој закон по истиот терк како што беше свикана и Комисијата за финансирање и буџет, но оти до моментов немаат добиено образложение.

-До овој момент образложение нема и најверојатно нема ни да има, има некакви образложенија пратени до јавноста, кои воопшто немаат смисла, ниту се во согласност со Деловникот, ниту имаат допир со реалноста. Затоа ако се сигурни, ако претседателот на Собранието, господинот Африм Гаши е сигурен во неговото образложение, барам да се свика Комисијата за мандантни и деловничко-имунитетни прашања и таму да ги судриме аргументите, рече Митревски.

Според него, ова е шанса и на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да докажат дека, како што вели, реално се залагаат за решавање на овој проблем, а нивната заложба не е само декларативна.

-Таму има неколку опции и можности, прво да не ја свика, второ може да ја свика и да донесе став дека правилно го толкува Деловникот, трета е може да се свика и да се донесе став дека не го толкува правилно Деловникот. Врз основа на тоа што ќе се случува во иднина така и ние ќе ги градиме нашите ставови и благовремено ќе ве информираме за се што правиме во Собранието, вели Митревски.

Прашан до кога ќе чекаат на одговор, тој вели би почекале некој разумен период, односно до крајот на оваа недела.

За тоа што доколку Комисијата утврди дека Гаши не го почитува Деловникот, тогаш Митревски очекува претседателот да свика седница на Комисијата за социјална политика врз основа на членот 126 став 3, исто како со случајот со Комисијата за финансирање и буџет за задолжувањето со Унгарија.

Предлог-законот за бранители е во собраниска процедура, го поднесе пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска и треба да се носи по скратена постапка, но е заглавен во Комисијата за социјална политика, демографија и млади бидејќи претседателката на Комисијата Илире Даути од редовите на Европскиот фронт предводен од ДУИ, не закажува сед

Би можело да ве интересира

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

(ВИДЕО) Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата

ВМРО-ДПМНЕ: Посветено работиме за изградба и развој на патната инфраструктура во државата