Тело на македонски државјанин е пронајдено на гробишта во Бремен

Од:

Безживотното тело на македонски државјанин е пронајдено на гробишта во Бремен, а бидејќи по телото имало убодни рани, веднаш било јасно дека несреќниот маж бил жртва на убиство.

Набрзо било утврдено дека Имер Д.(40), кој и бил од претходно познат на полицијата, бил убиен бидејќи ја демнел својата поранешна партнерка со која има дете.

Посетителите на гробиштата го пронашле неговото тело во локва крв меѓу гробовите и веднаш повикале полиција. Полицијата соопшти дека Имер Д. починал од, најверојатно, убодни рани.

Во моментот на смртта Имер носел сиви панталони, црвена јакна и црни апостолки.

„Го знаеме, тој е човек кој со месеци прави проблеми овде, има тригодишна ќерка со Гркинка, таа живее овде кај гробиштата“, велат мештаните.

Соседите велат дека Имер постојано ја демнел бившата. Тој со боја со спреј ги напишал зборовите „Те сакам“ на тротоарот пред станот во кој живее Гркинката со нивната ќерка.

Наводно, ги скршил и стаклата од куќата и оштетил неколку автомобили.

– Сите овде имаа проблеми со него, никој не го сакаше, велат соседите.

Имено, Имер живеел во својот стан до октомври 2023 година, додека станот не изгорел.

“Тој рече дека заспал со цигара. Полицијата никогаш не успеа да ја утврди точната причина за пожарот, а тој ми должеше кирија”, рекол поранешниот сопственик на станот.

Наводно, убиениот македонски државјанин во последно време спиел на гробишта.

„Тој спиеше под покривот на капелата на гробиштата околу три недели“, рече еден локален жител, додавајќи дека капелата е веднаш спроти гробот на бабата на неговата поранешна сопруга.

Полицијата се уште трага по убиецот на Имер. Тие ги повикаа сите граѓани кои имаат некаква информација за убиениот, или за тоа што се случило на гробиштата во четвртокот да се јават.

Би можело да ве интересира

Пејачот Амар Османи е жртвата во пукањето на „Пластичарска“

Катерина Ѓуровски

Почина еден од повредените во престрелката на „Пластичарска“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

A1on

Убиен актер: Претепан до смрт во Истанбул

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Скопјанец уби зајак на јавна површина кој го чувал дома како милениче

Горан Наумовски