Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Од:

Собранието со 83 гласа „за„ и 17 „против“ денеска го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка. Со измените се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината. По парламентарните избори во земјата и изборот на министри и пратеници, в.д градоначалници има во општините Аеродром, Гостивар и Сарај.

Пратеникот од Блерим Беџети на денешната седница истакна дека причината поради која Европскиот фронт ќе ги поддржи измените се да не ги малтретираат граѓаните да гласаат и да не се трошат дополнителни средства.

– Да не ги малтретираме граѓаните да гласаат, имајќи предвид дека изборите треба да се одржат пред Нова Година и остануваат неполни десет месеци до нивниот мандат, и имајќи предвид дека ние имаме спор на национален аспект околу легитимитетот, уставните измени кои што не се споменуваат никаде. Нормално, и да не трошиме дополнителни средства, тие може да бидат користени за градинки, училишта и многу амандмани кои ги предложивме во ребалансот и во буџетот кој што ќе следи верувам дека тие средства ќе се потрошат за доброто на граѓаните, посочи Беџети.

Измените на Законот за локална самоуправа се донесени со двотретинско мнозинство, а во Собранието ги предложија координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратениците Халил Снопче од Вреди и Бобан Карапејовски од ЗНАМ.

Мицевски, во образложение на потребата од законските измени при утврдување на дневниот ред на собраниската седница на 14 септември, рече дека со нив треба да се овозможи да нема избори за нов градоначалник до редовните избори ако има помалку од 12 месеци. Станува збор, како што потенцираше, за преодно решение кое ќе важи само до претстојните локални избори до октомври следната година.

-Со членот 4 се уредува преодно решение за постапката за распишување нови избори за градоначалник, поради настапување на еден од случаите за престанок на мандатот на градоначалник по сила на закон до одржување на првите редовни избори за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје, за избор на градоначалник на општина и градоначалник на градот Скопје по влегувањето во сила на овој закон. Имајќи во предвид дека до распишување на нови локални избори има помалку од 12 месеци и тргнувајќи од начелото на економичност и економската состојба во државата, како и краткиот рок за организација на овие избори, а потоа доаѓаат и редовните локални, продолжените законски решенија се со цел да ја постигнат целта поради која е предложен законот – односно да нема измени и овие кандидати за градоначалници да останат до одржување на редовните локални избори, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, Владата молчи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: За Гостивар има папка со факти – Савески кога ќе се врати од екскурзија да постапи веднаш