ВИДЕО: Жесток напад на Бејрут, страв и паника во Либан

Од:

ИДФ потврди дека штотуку извршила „насочен воздушен напад“ врз Бејрут.

Либанското Министерство за здравство потврди дека од понеделникот во израелските напади загинале 558 луѓе. Според министерот за здравство Фирас Абиад, меѓу жртвите има и 50 деца.

Во најновиот извештај за последиците од израелските напади во понеделникот, либанскиот министер за здравство Фирас Абијад рече дека 1.835 лица се повредени во нападите. Тој додаде дека медицинскиот персонал работел „над нивните можности за да се грижи за сите пациенти“.

Нападите на израелската војска на Либан траат од синоќа, населението од критичните делови панично бега кон Бејрут и другите поголеми градови. Во земјата владет страв и паника јауваат репортерите на светските агенции.

Либанската влада ја обвинува израелската армија дека води „војна за истребување“. Здравствениот систем во земјата е на работ и презаситен од големиот број повредени. Сега училиштата се користат за сместување бегалци. Ова претставува огромен предизвик, особено затоа што многу бегалци од соседна Сирија веќе живеат во долината Бека во исклучително тешки услови. Веројатно и за нив доаѓа ново бегство.

Паралелно, Хезболах продложува со напади на израелска територија. Во северниот дел на земјата се затворени учиилиштата, а многу компании ги откажаа летовите кон Тел Авив.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан