Специјална комисија ќе го проверува договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО

Од:

Во Министерството за одбрана (МО) е формирана Комисија која има за цел преиспитување на сите неправилности и недостатоци од договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и Министерството за одбрана.

Комисијата, како што велат од МО, е формирана по пријавите за стомачни тегоби на лица од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово на 12 септември годинава по консумирање храна во објектите.

-Комисијата е во состав на одговорни лица од сите сектори и секции од Министерството и Генералштабот на Армијата и доколку се утврдат неправилности или недостатоци во однос на реализација на склучениот договор од страна на фирмата, Министерството ќе преземе мерки за раскинување на договорот, посочуваат од МО.

Би можело да ве интересира

Јосифово на удар од диви свињи: цело стадо се спушти над селото, жителите бараат итна реакција

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Променливо облачно, со локален дожд