Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска по повод Меѓународниот ден на Бошњаците 28 Септември упати честитка до сите припадници на бошњачката заедница во Македонија.
– Со задоволство сакам да истакнам дека со одбележување на овој ден се афирмира идентитетот и културата на Бошњаците во Македонија која е постоечка заедница во нашето мултиетничко општество и ги претставува добрите односи кои ги негуваат Македонците и останатите етнички заедници. Можам слободно да истакнам дека е потребно континуирано да работиме на меѓусебно разбирање и зближување на граѓаните од различна етничка и верска определеност, како и на почитување на моралните и духовни вредности, вели Вељаноски во честитката.
Уверен сум, додава претседателот на македонскиот Парламент, дека заедничка ни е определбата, во градење на европска и демократска Република Македонија во која се промовира недискриминацијата и се овозможува еднаквост за сите граѓани.