Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека се размислува дали модуларната болница лоцирана кај Инфективната клиника во Скопје да ја преземе Министерството за одбрана или пак таа да се пренесе во Затворот Идризово.

Таравари, денеска во одговор на новинарско прашање, посочи дека има одлука од Владата за преземање на модуларната болница од страна на МО, но оти треба амбуланта и во Затворот Идризово.

-За модуларната болница на Инфективна клиника веќе има одлука на Влада со која таа болница треба да ја преземе Министерството за одбрана. Има и друга идеја бидејќи треба болница во затворот во Идризово. Сега сме во дилема дали таа модуларна болница да ја пренесеме таму за да служи како амбуланта во Затворот Идризово, изјави Таравари, при посетата на Клинилката болница Штип.

Во однос на модуларната болница во Штип, што е во функција од март 2021 година, Таравари рече дека треба да се размисли рационално како да се искористи кај што има потреба.

Во тек на ковид пандемијата, со одлука на Министерството за здравство, беа изградени модуларни болници во 16 градови низ државава.

Би можело да ве интересира

Алијанса на Таравари ќе го оспри „Безбеден град“ пред Уставен суд

Катерина Ѓуровски

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

ВЛЕН: За сала од 50.000 евра, Таравари потроши 750.000 евра народни пари

ВРЕДИ: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити Меџити од обвинувањата за 450 илјади евра провизија за „Скендербег“, прашува Алијанса на Таравари