Македонија воздржана за Резолуцијата за повлекување на Израел од Газа и Западен брег

Од:

Генералното собрание на Ообединетите нации со големо мнозинство ја поддржа необврзувачката палестинска резолуција со која се бара Израел да го прекине своето „незаконско присуство“ во Газа и окупираниот Западен Брег во рок од една година.

За резолуцијата гласаа 124 од 193 членки на светската организација, 14 беа против, 43 беа воздржани.

Во резолуцијата се бара и повлекување на сите израелски сили и евакуација на еврејските доселеници од окупираните палестински територии „без одлагање“.

Амбасадорот на Израел во ОН, Дани Данон, ја означи резолуцијата како „обид да се уништи Израел преку дипломатски тероризам“ во која никогаш не се спомнуваат злосторствата на Хамас и „ја игнорира вистината, ги искривува фактите и ја заменува реалноста со фикција“.

Македонија беше воздржана, заедно со Велика Британија, Германија, Италија, Холандија, Австрија, Швајцарија, Шведска, Данска, Хрватска, Бугарија, Романија, Полска, Словачка, Литванија, Украина, Србија, Албанија, Канада, Индија, Австралија и други земји.

Против гласаа САД, Израел, Чешка, Унгарија, Аргентина и други земји.

Би можело да ве интересира

Нетанхају згрозува со изјавите, немало гладни во Газа: „Не можете да видите никој слаб“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хаос и стампедо на пункт за храна во Газа, израелските војници пукаа во воздух

ВИДЕО: Главната болница во Газа е полна со деца со болки поради изгладнетост

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Убиени двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон: „Слобода за Палестина“, викал напаѓачот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Децата плачат од глад, мајките зошто немаат со што да ги нахранат – пеколот во Газа

ВИДЕО: 80 жртви во израелски напад на Газа, повеќето се жени и деца

Катерина Ѓуровски