Тепачка пред полициска станица во Скопје, уапсени се тројца насилници

Од:

Полицијата извести дека вчера околу 22 часот во Шуто Оризари, полициски службеници ги уапсиле С.А.(39), Е.А.(51) и Т.А.(29), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со уште неколку лица физички го нападнале Д.И.(30) од Скопје.

„Според пријавеното, пред Полициското одделение Шуто Оризари, тие физички го нападнале и А.К.(30) од Скопје, кој го однел Д.И. да даде изјава во врска со претходниот физички напад. Исто така, според пријавеното, откако Д.И. слушнал врева излегол од станицата и со тврди предмети ги оштетил прозорите од куќата на С.А.(39), каде претходно се собрале поголема група граѓани. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

Тепачка во болницата „8 Септември“ во Скопје

Горан Наумовски

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Татко и двајца синови крвнички тепале соселанец во Батинци

А1он

(ВИДЕО) Тепачка во Советот на Општина Кочани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во бугарското Народното собрание, пратениците се тепаат за говорницата: „Јаничарите ја закопуваат нашата земја“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовна тепачка меѓу навивачите на Динамо и Хајдук