(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

Од:

Утринава пред 5 часот повторно чад, пукање стакла и сирени ги разбуди жителите на Расадник, Кисела Вода, кога беше опожарено паркиран автомобил на улицата „Христо Татарчев“, а огнот зафати и други околни возила.

И покрај брзината на противпожарните екипи, жители на Расадник сведочат дека штетата е голема.

Пожарот се случува нецели две недели откако буквално изгоре целата површина на расадникот во Кисела Вода. За случајот беа осомничени три деца, кои наводно фрлале петарди, а пријава беше поднесена само против 14-годишникот, со оглед на тоа што останатите имале под 14 години и не подлежат на кривична одговорност.

Пред само месец и половина, на речиси истото место каде што утринава гореа возилата, беше опожарен друг автомобил.

Освен автомобилот кој бил мета на пироманите, во пожарот сериозно беа оштетени и други околни возила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина и Русија со различни „приказни“ за пожарот во една од најголемите руски рафинерии, во Јарослав

Алиу: За два дена над двесте прегледани лица во рамки на скринингот во Трубарево

Ангелов: Пожарот во депонијата кај Арачиново е подметнат

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население