Во Бугарија е потврден првиот случај на колера во последните 103 години

Од:

Во Бугарија е потврдена колера, што е прв ваков случај во последните 103 години. Пациентот е 23-годишен индиски државјанин кој неодамна допатувал од Њу Делхи, соопшти Министерството за здравство, пренесува Новините.

Според Софискиот регионален здравствен инспекторат (РЗИ), заразеното лице почнало да чувствува симптоми на акутна дијареа и по лабораториски тест дијагнозата била потврдена од Националната лабораторија за особено опасни бактериски инфекции при Националниот центар за инфективни и паразитски болести.

Заразениот пациент е во изолација на Одделот за паразитски и заразни болести. Епидемиолошката истрага потврди дека пациентот за време на престојот во Бугарија не посетувал јавни места или ресторани.

Колерата е многу заразна болест предизвикана од конзумирање на контаминирана храна или вода.

Може да предизвика сериозни гастроинтестинални проблеми, дехидрација и има висока стапка на смртност.

Историски гледано, колерата била широко распространета во Индија, при што реката Ганг била главен извор на инфекција. Болеста се прошири низ целиот свет на почетокот на 20 век, што доведе до неколку пандемии.

Во Бугарија, колерата беше значаен проблем до почетокот на 1920-тите, при што последната голема епидемија се случи помеѓу 1914 и 1918 година, по што следеше еден случај во 1921 година.

Би можело да ве интересира

Потврден прв случај на колера во Либан, ризикот од ширење на болеста е многу висок

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Најголема епидемија на колера во последните две децении во Малави, починати 750 лица

СЗО: Климатските промени ја поттикнуваат колерата низ светот

Ана Ололовска

СЗО: Залихите на вакцини против колера се „празни или екстремно мали“

А1он

Хаити ги доби првите пратки вакцини против колера од СЗО

А1он