На интернет се појави бизарна снимка од свадба во Босна и Херцеговина, на која три девојки се степаа за бидермаерот.
Моментот кога невестата го фрла бидермаерот е интересен за девојките бидејќи според народните верувања следната што ќе го фати е таа што ќе се мажи. Секако ова нема никаква врска со вистината.
Сепак, судејќи по видеото од свадбата во Љубушко, има и девојки кои се уверени во веродостојноста на оваа легенда.
Невестата во Љубушки го фрли својот бидермаер, а зад неа стоеа група девојки. Откако невестата го фрли бидермаерот, зад нејзиниот грб почна да се одвива „вистинската драма“.
Три девојки го фатија бидермаерот и ниту една не сакаше да се откаже од него. Потоа тргајќи го, завршија на подот. Додека се тркалаа на подот, останатите гости се смееа, но и беа изненадени од таквото однесување.