Советот за безбедност на ОН ја усвои првата во историјата Резолуција, која има за цел зајакнување на меѓународната правна база во борбата против илегалната трговија со лесно и огнено оружје.
За поддршка на документот гласаа 14 од 15-те земји-членки на Советот, додела Русија беше воздржана.
На седницата заменикот постојан претставник на Русија во ОН Александар Панкик изјави дека Резолуцијата би требало да посвети повеќе време на напорите за остварување на програмата на ОН за спречување и целосно искоренување на илегалната трговија со оружје.
Предлог-резолуцијата што беше подготвен од Австралија, ги повикува земјите да помогнат во напорите за разоружување на земјите по вооружен конфликт, како и за контрола и чување на оружјето.
Документот предупредува на последиците од илегалната трговија со оружје за безбедноста на цивилите и заштита на човековите права. Освен тоа, документот ги повикува земјите членки на ОН да се приклучат кон Конвенцијата за борба против меѓународниот организиран криминал, а исто така да го потпишат и ратификуваат Меѓународниот договор за трговија со оружје.
Резолуцијата ги потсетува земјите-членки на ОН на обврската да ги почитуваат и ефективно да ги контролираат режимите на ембарго, воведени од Советот за бебздност кон држави, во кои има воен конфликт или внатрешна политичка криза.