Фудбалерите на Англија на стартот од „Б“ дивизијата во Лигата на нации остварија победа на гости кај Република Ирска од 2:0 (2:0).
На стадионот „Авива“ во Даблин натпреварот беше решен во првите 25 минути, а головите ги постигнаа ирските „предавници“ кои заминаа на страната на лутиот ривал.
Имено, Деклан Рајс и Џек Грилиш играа во зелениот дрес на Ирска во помладите категории, а потоа за „А“ селекцијата ја избраа Англија.
No way both Grealish and Rice scored 🤣🤣🤣🤣🏴🇮🇪🤝 pic.twitter.com/Dsu2BhJ0Fi
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) September 7, 2024
Рајс дури одигра три пријателски натпревари за сениорскиот тим, додека селектор беше Мартин О’Нил, но потоа реши да ја шокира нацијата и да заигра за „трите лава“.
А судбината сакаше Рајс да го постигне водечкиот гол вечерва во Даблин. Се играше 11. минута кога Гордон промаши удар, но потоа ја испрати топката до Кејн, кој беше блокиран, но Рајс ја заби одбиената топка во мрежата на Ирска.
Само 14 минути подоцна Рајс асистираше за Џек Грилиш, кој го имаше речиси истиот пат на развој и исто така ги „издаде“ Ирците.
Малку побурно го прослави својот гол со кој целосно ја дотолчи својата несудена репрезентација.
Во останатиот дел од натпреварот Англија свесно го спушти темпото и многу рутински го приведе натпреварот кон крај во своја полза.