Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Од:

Претседателот Николас Мадуро изјави дека Божиќ во Венецуела ќе се слави на 1 октомври годинава од, како што наведе, благодарност до народот, пренесува Гардијан.

„Септември е и веќе се чувствувам како да е Божиќ. Така, оваа година, како начин да ве почестам и од благодарност, ќе го префрлам Божиќ на 1 октомври“, рече тој во една емисија.

Венецуелската бискупска конференција ја критикуваше најавата, предупредувајќи дека празникот „не смее да се користи за политички или пропагандни цели“. Ниту граѓаните не се воодушевени од најавата на претседателот.

Одлуката на Мадуро не е без преседан, бидејќи тој во неколку наврати ги одложи божиќните прослави по смртта на поранешниот претседател Уго Чавез во 2013 година.

Како што пишува британскиот весник, поместувањето на датумот на Божиќ има за цел да го одвлече вниманието од политичката криза во која западна Венецуела по изборите во јули, по кои и Мадуро и опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес прогласија победа.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

САД го признаваат противникот на Мадуро за победник на изборите во Венецуела

Мадуро: Илон Маск е непријател на Венецуела

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот