Командантот на Хамас и негови седум соборци загинаа во израелски воздушен напад

Од:

Израелската армија и разузнавачката агенција Шин Бет денеска објавија дека Ахмад Фавзи Мухамед Вадија, командант на бригадата Нукба на Хамас и неговите седум соборци се убиени во израелски воздушен напад.

Во соопштението се потсетува дека Ахмад Фаузи Мухамед Вадија го предводел нападот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври 2023 година, пренесува Тајмс оф Израел.

Израелскиот дневен весник наведува дека Вадија бил особено познат како терорист кој пиел сок во семејната куќа на Гил Тас, кој бил убиен пред очите на неговите деца.

ИДФ соопшти дека во воздушниот напад загинале уште седум членови на баталјонот Дарај Туфах на Хамас, од кои еден бил вклучен во набавка на бомби кои палестинската милитантна група ги користела за да ја пробие безбедносната бариера во Газа на 7 октомври 2023 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“