Се подготвуваа конечната верзија на мировниот договор Израел-Хамас

Од:

Соединетите Американски Држави, заедно со Египет и Катар, посредуваат во постигнување конечен договор „земи или остави“ меѓу Израел и Хамас што ќе им биде претставен на конфликтните страни во наредните недели, објавија денеска американските медиуми.

„Вашингтон пост“ ја пренесува оценката на неименуван висок функционер на американската администрација дека доколку двете страни не го прифатат овој обид за постигнување договор, тоа може да значи дека преговарачкиот процес што го водат САД е завршен.

Официјални лица во администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден изјавија дека не е веднаш јасно дали најновото откритие на безживотните тела на шесте заложници ќе ја направи повеќе или помалку веројатно Израел и Хамас да постигнат договор во наредните недели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел

Ал Џезира: Израел продолжува со нападите врз Газа, загинаа најмалку осум Палестинци

Израелската војска погодила „600 терористички цели“ во Појасот Газа