Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Од:

Аеродромските згради во Кошице и Попрад во Словачка денеска беа евакуирани поради пријавена закана за бомба, која се покажа дека е лажна.

Аеродромот Попрад-Татри беше првиот што објави за тоа на својата веб-страница.

„На аеродромите во Словачка е пријавена бомба, поради што аеродромот Попрад-Татри во моментов е затворен, патниците се евакуираат, а се проверуваат терминалите и административните области“, се вели во соопштението, пренесува словачкиот портал Aktuality.

Аеродромот Попрад-Татри продолжи да работи по безбедносната проверка. Поради закана од бомба, евакуирана е и зградата на терминалот на аеродромот во Кошице, а откако било утврдено дека нема опасност, работата продолжила. Безбедносни мерки беа спроведени и на аеродромот во Братислава.

„Поради дојава за бомба, полицијата изврши претрес на аеродромот без потреба од евакуација на терминалот и ограничување на воздушниот сообраќај“, изјави за ТАСР портпаролката на аеродромот во Братислава, Вероника Демовичова.

Би можело да ве интересира

Мечка нападна и усмрти маж во Словачка

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

ВИДЕО: Пожар изби во напуштена барака во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо